ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали платите во Германија ќе се намалат поради поголемата употреба на вештачка интелигенција?

Дали платите во Германија ќе се намалат поради поголемата употреба на вештачка интелигенција?

Компаниите во Германија очекуваат намалување на платите поради поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Многу германски компании очекуваат дека употребата на вештачка интелигенција во следните пет години ќе ги намали платите на нивните вработени, особено на оние со помало работно искуство, според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен.

Приближно половина од анкетираните компании кои веќе користат вештачка интелигенција очекуваат дека платите на работниците со помалку искуство ќе се намалат, додека 40 проценти веруваат дека развојот на вештачката интелигенција ќе ги намали и платите на поискусните работници.

Компаниите најчесто очекуваат притисок врз платите на помалку искусните и помалку квалификуваните работници, додека високообразованите и поискусните вработени често ја гледаат вештачката интелигенција како фактор што може да ја зголеми нивната вредност и заработка.

Анализата се базира на анкета спроведена во јуни меѓу повеќе од 3.000 германски компании кои веќе користат вештачка интелигенција, се додава во извештајот на веб-страницата на Ifo.

Употребата на вештачка интелигенција во германската економија е сè пораспространета.

Според посебна анкета на Ifo, повеќе од половина од компаниите во Германија веќе користат вештачка интелигенција во своето работење, додека една година претходно имало околу 41 процент.

Вештачката интелигенција брзо се движи од експерименталната фаза кон секојдневното работење, се забележува во извештајот.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести