Easy потрошувачки кредит од Силк Роуд Банка – едноставно, брзо и сигурно до финансиска поддршка
Кога ќе се појави потреба од дополнителни финансиски средства за реализација на лични планови или покривање на непланирани трошоци, Силк Роуд Банка го нуди Easy потрошувачкиот кредит – кредитен производ кој овозможува едноставно аплицирање, брзо одобрување и транспарентни услови.
Со Easy потрошувачкиот кредит, клиентите можат да аплицираат за износ од 6.000 до 300.000 денари, со рок на отплата од 6 до 95 месеци. Кредитот е со фиксна каматна стапка од 6,50%, која останува непроменета во текот на целиот период на отплата, овозможувајќи сигурност и предвидливост при планирањето на месечните финансиски обврски.
Производот е наменет за приматели и неприматели на плата, а процесот на аплицирање е максимално поедноставен. За поднесување на барањето е потребна само лична карта, а одобрувањето се добива за неколку минути во сите експозитури на Силк Роуд Банка. Благодарение на едноставната процедура и минималната документација, клиентите можат брзо да дојдат до финансиска поддршка кога им е најпотребна.
Easy потрошувачкиот кредит е дел од понудата на Силк Роуд Банка насочена кон обезбедување брзи, едноставни и транспарентни финансиски решенија, приспособени на различните потреби на клиентите.
За повеќе информации за Easy потрошувачкиот кредит, условите за кредитирање, надоместоците и репрезентативниот пример, посетете ја најблиската експозитура на Силк Роуд Банка или информирајте се на официјалната веб-страница на Банкатаwww.srb.mk.
ПР објава
