ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствената нуклеарна централа на територија на поранешна Југославија може да затвори поради низок водостој

Единствената нуклеарна централа на територија на поранешна Југославија може да затвори поради низок водостој

Екстремната топлина влијае и на температурата на реката Сава, што може да предизвика прекини во работата, односно намалување на производството на нуклеарната централа Кршко, заеднички проект на Словенија и Хрватска како единствена нуклеарна централа на територијата на поранешна Југославија. Хрватска обезбедува околу 15 проценти од своите потреби за електрична енергија од таа електрана.

„Сава низводно од електраната денес се затопли за речиси половина степен. Доколку ни стигне уште потопла вода, повеќе нема да имаме простор за дополнително загревање на реката. Доколку условите не се променат, ќе мора делумно да ја намалиме моќноста на електраната“, изјави претседателот на Управата на нуклеарната централа Кршко, Горазд Фајфер.

Генералниот директор на „Хрватски води“, Зоран Ѓуроковиќ, зборуваше за историски ниските нивоа на водата на реките во Хрватска.

„Рекордите сè уште се рушат денес. Вчера забележавме еден, а денес уште еден историски минимум од 144 сантиметри. Загрижувачки е што нема знаци на закрепнување ниту на Дунав, ниту на другите реки. Драва во Осиек моментално е на минус 189 сантиметри, додека рекордот е минус 192 сантиметри. Водомерот во Осиек постои од 1827 година и сега е јасно дека не сме имале толку ниско ниво на вода речиси 200 години. Нивото на Дунав е екстремно ниско, а за жал и на сите други реки во Хрватска“, рече Ѓуроковиќ.

Тој додаде дека нема живот без вода и потсети дека сето ова се случува во годината кога се слави 150-годишнината од организираното управување со водите во Хрватска, иницирано од владиката Јурај Штросмајер.



ad
Слично

Поврзани вести