ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ купи нови 200.000 тони јаглен за РЕК Битола, меѓу одбраните оператори и фирма која е нова во набавките

ЕСМ купи нови 200.000 тони јаглен за РЕК Битола, меѓу одбраните оператори и фирма која е нова во набавките

АД ЕСМ во изминатите два месеци во рамки на системот на отворен повик купил уште 200.000 тони јаглен за потребите на термоцентралата во Новаци - РЕК Битола.  На 4 јуни одбран е добавувач за 100.000 тони јаглен, а потоа е избрана фирма која треба да донесе уште толку јаглен а при тоа за првпат во досегашните набавки.се споменала минатата година. Во медиумите пишувало дека Енерџи Макс веќе имал еден договор во 2025 за набавка на 150.000 тони за 7,8 милиони евра.

Од ЕСМ велат дека првите 100.000 тони ќе ги носи добропознатата грчка компанија Протергиа Енерџи, додека за преостанатите 100.000 тони е избрана скопската Енерџи Макс. Вкупната сума за купениот јаглен ќе изнесува околу 10,5 милиони евра.

- На јавниот повик – отворен систем со договор за набавка на 100.000 тони јаглен за потребите на РЕК Битола, кој беше затворен на 4 јуни, избран е економскиот оператор Протергиа Енерџи ДООЕЛ. Договорот е склучен по цена од 449 денари за гигаџул, а вкупната вредност на набавката за 100.000 тони изнесува 329.251.700 денари.

Во меѓувреме, на 30.06.2026 е завршена уште една постапка за набавка на јаглен, при што е склучен договор со економскиот оператор Енерџи Макс за набавка на дополнителни 100.000 тони јаглен. Договорената цена изнесува 450 денари за гигаџул, а вкупната вредност на договорот е 321.750.000 денари, одговорија од ЕСМ на нашите поставени прашања.

Протергиа Енерџи е компанија во сопственост на Митилинеос, додека Енерџи Макс е фирма од Скопје која според огласите се занимава со продажба на големо на цврсти горива, нафта и мазут за машини и пропан-бутан за индустријата. Основана е во 2022 година, а во текот на минатата година имала приходи од 100-тина милиони денари и добивка од 10 милиони денари. Сопственичка е извесна Весна Спировска од Скопје, а управител е Димче Панов од Велес. На крајот на 2025 фирмата имала само двајца вработени.

Поради исцрпеност на рудниците за јаглен, ЕСМ набавува големи количини преку надворешни доставувачи. Но од она што може да се заклучи од објавениот извештај за работата на ЕСМ во 2025 е тоа дека се купувало помалку јаглен во однос на една година претходно, но затоа пак се трошел повеќе мазут за термоелектраните. Според годишниот извештај на ЕСМ за 2025, за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј лани биле купени вкупно над 1,2 милиони тони јаглен.

А.К.

ad
Слично

Поврзани вести