Германија укинува правило старо 108 години?
Германската економија со години се бори со слаб раст и стагнација, а индустријата е дополнително притисната од американските царини, кинеската конкуренција и отпуштањата.
Во потрага по мерки за поттикнување на потрошувачката, прашањето дали продавниците треба да останат затворени во недела е повторно отворено, пишува словенечкиот весник Дневник.
Неделниот празник во Германија е уставно заштитен од 1919 година. Исклучоците ги одредуваат федералните покраини, па затоа само бензинските пумпи, пекарите и продавниците на железничките станици и аеродромите генерално се отворени во недела.
Германската влада планира само мали концесии за пекарите и библиотеките од 2027 година, но Германското трговско здружение (HDE) смета дека ова е недоволно. Тие нагласуваат дека расположението на потрошувачите е лошо и прашуваат дали е навистина вистинско време да им се забрани на оние кои го сакаат тоа од работа.
Застапниците на промените, укажуваат на апсурдноста на сегашните правила: во Берлин во недела во истата продавница можете да купите краставица, но не и компири или конзервиран грав. Сопственикот на минимаркет во Берлин неодамна беше казнет со 2.500 евра за продажба на расиплива храна во недела, иако тврди дека не може да преживее без промет во недела, кој сочинува 40 oтсто од неговиот неделен приход.
foto Gemini
