Голем пораст на цените на ноќевањата за една година во Македонија
Државниот завод за статистика го објави растот на цените на угостителските услуги за јули 2026 година кои во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2 проценти.
Најголем пораст има кај цените на ноќевањата кои во јули 2026 се зголемени за 6,7 проценти во однос на јули 2025.
„Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1 %“, објави ДЗС.
Слично
