Ирак испраќа гориво во Европа, но користи друга рута и го заобиколува Заливот
Ирак го заобиколува Заливот и преку Сирија испраќа тешко гориво за Европа.
Ирак од април досега извезе 2,1 милион тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на Ормутскиот теснец.
Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју за весникот „Д Нешнал“.
Како што пренесува ДПА, тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од тешко гориво (мазут).
Поради повремената блокада на морската рута, земјите со излез на Персискиот Залив со месеци се обидуваат да најдат алтернативни начини за пласман на нафтата и нафтените деривати на светскиот пазар. Неколку стари и нови нафтоводи од регионот кон Црвеното Море и Медитеранот се или во функција или во фаза на планирање.
Ирак е силно зависен од трговијата со нафта. Во нормални околности, извозот чини повеќе од 90 проценти од државните приходи. Заедно со Турција, низ која минуваат нафтоводи, Сирија стана важен транзитен центар.
Копнената рута од Ирак преку соседна Сирија е поскапа и логистички покомплицирана од морската – а воедно и опасна поради можни напади и заседа врз возачите.
foto Gemini
