Колкав е бројот на невработени во Германија?
Во Германија, повеќе од три милиони луѓе повторно се без работа
Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони, објави денеска Федералната агенција за труд со седиште во Нирнберг.
Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3.007 милиони невработени лица, што е за 71.000 повеќе отколку во јуни, односно за 28.000 повеќе отколку во истиот период минатата година, објавува „Ханделсблат“.
Стапката на невработеност во Германија се зголеми за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти, се додава во соопштението.
Според Даниел Терценбах, член на одборот на Федералната агенција за труд, зголемувањето на невработеноста во јули главно се должи на сезонски фактори, но слабите трендови на пазарот на трудот што траат веќе неколку месеци продолжуваат.foto Gemini
Слично
