Колку струја и вода би трошел еден дата-центар и каква е користа од неговата изградба за Македонијa?
Дата-центрите се инфраструктура на дигиталната економија. Тие стојат зад услугите во облак, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, дигитализацијата на јавните услуги, паметните енергетски системи и конкурентната индустрија. За Македонија, тие можат да бидат развојна можност ако уште на почетокот се постават јасни правила за енергијата, водата, животната средина и конкретната корист за домашната економија, истакнува Наташа Марковска, научен советник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, пишува Факултети.мк.
Наташа Марковска е научен советник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и професор по енергија и климатски промени на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ. Уредник и гостин-уредник во водечки научни списанија на Elsevier од областа на одржливиот енергетски развој. Подетално со Марковска разговараме околу тоа која е реалната општествена корист за Македонија од ваквите дата-центри? Колку електрична енергија би трошеле овие центри и дали македонскиот енергетски систем може да ги поддржи без дополнителен притисок? Какви последици би имале врз животната средина и слично.
- Дата-центрите се инфраструктура на дигиталната економија. Тие стојат зад услугите во облак, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, дигитализацијата на јавните услуги, паметните енергетски системи и конкурентната индустрија. За Македонија, тие можат да бидат развојна можност ако уште на почетокот се постават јасни правила за енергијата, водата, животната средина и конкретната корист за домашната економија. Според Меѓународната агенција за енергија, потрошувачката на електрична енергија од дата-центри глобално се зголемила за повеќе од 15 % меѓу 2024 и 2025 година и достигнала речиси 500 TWh, односно нешто над 1,5 % од светската потрошувачка на електрична енергија. Во основното сценарио, до 2030 година таа би достигнала околу 950 TWh, или околу 3 % од глобалната потрошувачка. Растот е значаен, но тој се случува во поширок процес на забрзана електрификација на греењето, транспортот, индустријата и дигиталните услуги - објаснува Наташа Марковска.
Целиот текст на Факултети.мк.
