Македонија бележи 40-процентен годишен раст на авионските пристигнувања во првиот квартал
Нашата земја бележи 40-процентен годишен раст на авионските пристигнувања во првиот квартал од 2026 година, покажува најновиот извештај „Tourism Watch“ на Светска банка.
Со овa, Maкедонија е меѓу најуспешните економии со ниски и средни приходи во регионот на Европа и Централна Азија.
Во анализата се наведува дека Македонија остварила и раст од 6,9 проценти на туристичките пристигнувања во однос на истиот период лани. По земјава следуваат Молдавија со раст од 21 процент и Босна и Херцеговина со 20 проценти на авионските пристигнувања. Од друга страна, Црна Гора, Азербејџан и Албанија бележат намалување на бројот на патници кои допатувале со авион.
foto printskrin youtube
Слично
