ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкoски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

Мицкoски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб.

„Кој најавил дека ќе се укине вториот столб? – Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема“, рече  Мицкоски.

Во изминатиот период, владините претставници најавуваат реформи на пензискиот систем, но засега не се знае во која насока ќе се делува. Променетите услови од воведувањето на вториот столб до денес ја изнудија потребата за негово преиспитување, а веќе се прават анализи кои ќе покажат што понатаму.

Државниот завод за ревизија минатиот месец во својот извештај укажа на тоа дека ПИОМ не ги префрла редовно парите во вториот пензиски фонд, иако има законски рокови во кои треба да се извршат трансакциите.

Од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ) рекоа дека не е невозможно да се национализира вториот пензиски фонд, но тоа е веројатно најмалку посакувана реформа, бидејќи само краткорочно ќе ги реши проблемите, односно ќе го покрие дефицитот за најмногу три години.

Во Македонија населението старее, младите се иселуваат и се појави дисбаланс. Се очекува државата да направи анализа за евентуална пензиска реформа. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

ad
Слично

Поврзани вести