ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Може да интервенираме со намалување на ДДВ кај горивата, ама после 31 јули

Мицкоски: Може да интервенираме со намалување на ДДВ кај горивата, ама после 31 јули

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Илинден рече дека Владата ќе интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но во моментов законски не смеело тоа да се направи затоа што требало да се чека да помине циклус од две недели.

- Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека владата веќе интервенирала со намалувањето на акцизата кај горивата.

- Добро е тоа што цената на берзата два дена по ред паѓа, сега е 85 долари за барел, а ние имаме најниска цена на горивата во регионот, додаде тој.


ad
Слично

Поврзани вести