ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за земјоделство ги смируваше земјоделците на средба во Струмица за мизерната откупна цена на црвената пиперка

Министерот за земјоделство ги смируваше земјоделците на средба во Струмица за мизерната откупна цена на црвената пиперка

По вчерашниот и денешен протест и најавите за блокади на патиштата, Министерот за земјоделство Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко. Од Министерството за земјоделство најавуваат и дека во текот на наредната недела Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети. Во моментов во овој регион незадоволството кај земјоделците е огромно бидејќи црвената пиперка им се откупува за 25 денари по килограм.

Фото: Струмичко

Повисоки откупни цени на пиперката куртовска капија, исплата на ланските субвенции за ајварката и навремена исплата на предадените количини пиперка кај откупувачите и преработувачите побараа струмичките земјоделци на денешниот протест на крстосницата кај Робово. Тие два дена бараат средба со министерот за земјоделство Серафимовски за да ги дефинираат цените во соработка со откупувачите и преработувачите.

„Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка. На средбата министерот потсетил на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна.

„Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски.

На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта. Информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки.


ad
Слично

Поврзани вести