ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народната банка ќе има пристап до 50 милијарди евра од Евросистемот

Народната банка ќе има пристап до 50 милијарди евра од Евросистемот

Народната банка на Република Северна Македонија ќе добие пристап до новата зголемена репо-линија ЕУРЕП на Евросистемот, преку која во случај на финансиски потреси ќе може да обезбеди ликвидност во евра до 50 милијарди евра.

Пристапот ќе биде овозможен по завршувањето на техничкото приклучување кон системот. ЕЦБ претходно соопшти дека централните банки вклучени во ЕУРЕП ќе можат да повлекуваат средства од четвртиот квартал годинава.

Механизмот функционира преку обезбедување евра во замена за висококвалитетни хартии од вредност деноминирани во евра. Максималниот износ за централните банки вклучени во системот изнесува 50 милијарди евра.

Досега Народната банка имаше репо-линија со ЕЦБ од максимум 400 милиони евра. Новиот ЕУРЕП е траен механизам на Евросистемот наменет за полесно справување со недостиг на ликвидност во евра и финансиски потреси.

Ројтерс претходно објави дека проширувањето на ЕУРЕП е дел и од пошироката стратегија на ЕЦБ за зајакнување на меѓународната улога на еврото и финансиската стабилност.

ad
Слично

Поврзани вести