ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Светска банка објави - Македонија со најголем раст на авио летови и туризам

Николоски: Светска банка објави - Македонија со најголем раст на авио летови и туризам

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека во извештајот на Светска банка, Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија.

„Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот“, истакна министерот.

Николоски додаде дека само во еден ден на охридскиот аеродром опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.


ad
Слично

Поврзани вести