Николоски: За некој ден ќе поченеме да го градиме автопатот Скопје Блаце
Вицепремиерот Александар Николоски на 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор најави дека деновиве ќе започне изградбата на автопатот Скопје - Блаце.
„Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието.
Градиме модерна инфраструктура:
За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце.
Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.
Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево.
Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга“, објави министерот за транспорт.
Николоски додаде дека очекува во соработка со Европската Унија веќе следната година да почне изградба на првата железничка фаза Скопје - Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга.
