ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од кои земји се намалил приливот на работна сила во Хрватска?

Од кои земји се намалил приливот на работна сила во Хрватска?

По бумот во вработувањето на странски работници, кој кулминираше во Хрватска во 2024 година, бројот на издадени работни дозволи се намали втора година по ред.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, до крајот на јули оваа година, на странски работници им биле издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа - околу 9.000 помалку отколку во истиот период минатата година и дури 25.000 помалку од рекордната 2024 година, кога биле издадени околу 131.000 во првите седум месеци. Од вкупниот број оваа година, 41.716 дозволи биле издадени за нови вработувања, 41.388 за продолжување на постојните дозволи и 23.291 за сезонски работници.

Најголем пад на вработеноста оваа година е забележан кај работниците од Непал. Во првите седум месеци, за нив се издадени околу 14.500 работни дозволи, дури 6.000 помалку отколку во истиот период минатата година, па така Непалците паднаа од второто место минатата година на четвртото. Во исто време, најголем раст е забележан кај работниците од Филипините, за кои се издадени околу 5.000 дозволи повеќе од минатата година. Со околу 15.700 од нив, Филипинците сега се третата најголема група странски работници по бројот на издадени дозволи, објавува „Нови лист“.

На врвот се уште се работниците од Босна и Херцеговина, на кои им се издадени речиси 20.000 дозволи, додека околу 18.000 се издадени за српски државјани. Потоа следуваат Филипините со околу 15.700 и Непал со околу 14.500 дозволи, додека нешто помалку од 10.000 се издадени на работници од Северна Македонија, околу 6.000 на граѓани на Индија, 4.500 од Узбекистан, 3.800 од Косово, 2.000 од Египет и околу 1.800 од Албанија. Во споредба со минатата година, покрај Непалците, намалување е забележано и за работниците од Босна и Херцеговина, Србија, Индија, Бангладеш и Египет.

ad
Слично

Поврзани вести