ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Од прва рака слушнете за искуствата на домашната blue-chip компанија“: Мукаетов и Штериев за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишна конференција на Македонска берза

„Од прва рака слушнете за искуствата на домашната blue-chip компанија“: Мукаетов и Штериев за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишна конференција на Македонска берза

Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза.

На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, како и на нејзините идни развојни перспективи.

Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со искуствата поврзани со котацијата на компанијата и со факторите што влијаеле врз нејзиниот долгорочен успех.

Годишната конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.

- Уникатна можност од прва рака да слушнете за искуствата поврзани со берзанската котација на домашната blue-chip компанија Алкалоид АД Скопје. 

Кои фактори придонесоа за долгорочниот успех на Алкалоид АД Скопје, една од најпретпознатливите blue-chip компании на македонскиот пазар на капитал и што понатаму.

Ќе дискутираат Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на Алкалоид АД Скопје и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

Не ја пропуштајте оваа можност, екслузивно на 25-та Годишна конференција на Македонска берза. да добиете подетален увид во состојбите и развојните перспективи, како на една од најливидните компании на пазарот, така и пошироко - се посочува во обајвата на социјалните мрежи. 


ad
Слично

Поврзани вести