Огромен скок има на цените во Иран
Потрошувачките цени во Иран скокнаа за 66 проценти минатата година, објави денеска државната телевизија IRIB.
Растечките трошоци и мрачната економска перспектива вршат сè поголем притисок врз Иранците.
Полуофицијалната новинска агенција Тасним денеска објави дека медицинските трошоци се зголемиле, болниците се преполни, а редовите се долги пред специјализираните клиники.
Економската криза во земјата доведе до масовни протести во јануари, а меѓународните санкции ја влошија кризата. Властите насилно ги потиснаа демонстрациите.
Од почетокот на војната кон крајот на февруари, американските и израелските воздушни напади уништија клучни индустриски капацитети низ Иран.
Исклучувањето на интернетот и затворањето на бизнисите за време на конфликтот, исто така, влијаеја на економската активност.
Светската банка објави во април дека годишната стапка на инфлација во Иран била околу 40 проценти во претходните две години и дека цените на храната се зголемиле за 99 проценти во февруари 2026 година во споредба со истиот период минатата година, пренесува Poslovni.hr.
Израел и САД на 28 февруари годинава го нападнаа Иран. Иако имаше краток прекин на огнот, сепак трајно решение нема.Photo: Majid Asgaripour/WANA
