ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина шкотскиот нафтен магнат и милијардер: Изгради империја од семеен рибарски бизнис и го сподели богатството преку филантропија

Почина шкотскиот нафтен магнат и милијардер: Изгради империја од семеен рибарски бизнис и го сподели богатството преку филантропија

Милијардерот и шкотски нафтен магнат сер Иан Вуд почина на 84-годишна возраст. Тој почина мирно, опкружен со своето семејство во својот дом. Сер Иан беше еден од најбогатите луѓе во Шкотска и со децении ја водеше компанијата „Вуд груп“ (Wood Group) со седиште во Абердин.

Тој го стекна своето богатство во нафтената индустрија во Северното Море, каде што изгради моќна инженерска и консалтинг-компанија.

Во соопштението од неговото семејство, сер Иан е опишан како „посветен сопруг, татко и дедо“:

„Иако многумина го познаваа како претприемач, филантроп и еден од највлијателните бизнис-лидери во Шкотска, оние што беа најблиски до него ќе го паметат пред сè по неговата љубезност, дарежливост, решителност и непоколеблива посветеност кон семејството.“

Семејството додаде:

„И покрај неговите бројни достигнувања и признанија, сер Иан беше најгорд на своето семејство. Тој беше посветен сопруг на лејди Хелен во нивниот 55-годишен брак, грижлив татко на Ник, Греам и Гарет и дедо на нивните седум деца. Тој не беше само извор на мудрост, поддршка и сила за своето семејство, туку и за многу други луѓе кои го познаваа. Изразуваме искрена благодарност до здравствените работници кои се грижеа за него, како и до многуте пријатели и колеги ширум светот за поддршката.“

Наследството на сер Иан ќе живее преку безбројните животи што ги допре, организациите што помогна да се создадат и вредностите што ги застапуваше. Семејството замоли за приватност во овие тешки моменти. Нека чајот во рајот секогаш му биде „екстра топол“.

 За „Вуд груп“

Компанијата првично започнала како семеен рибарски бизнис, пред сер Иан да го преземе управувањето во 1967 година.

Во текот на следните децении, тој основал наменска инженерска компанија за да ја опслужува брзорастечката нафтена индустрија во Северното Море. Во својот пик, „Вуд груп“ вредеше повеќе од 5 милијарди фунти и работеше во енергетскиот сектор низ целиот свет.

Сер Иан, кој се повлече од функцијата претседател на компанијата во 2012 година, беше прогласен за витез во 1994 година за неговите заслуги во нафтената и гасната индустрија. Подоцна стана и член на Редот на трнот — највисокиот шкотски витешки ред.

Неговата филантропска дејност ја остваруваше преку „Фондацијата Вуд“, која ја основа во 2007 година. Фондацијата финансира бројни инвестиции и хуманитарни проекти во областа на земјоделството и заштитата на животната средина во Источна Африка, како и разни развојни проекти во Шкотска. Бројни шкотски политичари и јавни личности му оддадоа почит на бизнисменот по веста за неговата смрт.

Блиц.рс

ad
Слично

Поврзани вести