Полската економија зависи од украинските работници, а политичар објасни што ќе се случи ако тие не дојдат на работа
Според најновите податоци, во Полска моментно живеат и работат помеѓу 1,8 и 1,9 милион Украинци.
Дури 67 проценти од Полјаците, според најновата анкета, го поддржуваат барањето на опозицијата за депортирање на Украинците бегалци кои подлежат на воена служба и кои не се легално вработени.
Владата го отфрли барањето, бидејќи 80 проценти работат легално, а без нив „цела Полска би запрела за само еден ден“.
Според анкетата 67,2 проценти од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, доколку немаат работа во Полска, додека 23,4 проценти се против. Предлогот на опозициските конзервативни националисти од партијата „Право и правда“ има најмалку поддршка кај младите, од кои 43 проценти се за депортација.
Полската влада категорично ја отфрли таа иницијатива и предупреди дека бројот на депортирани лица ќе биде занемарлив. Заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Душчик рече дека ако Украинците еден ден не дојдат на работа, целата земја ќе запре.
Душчик прецизираше дека 65 проценти од воените бегалци во Полска работат легално. Ако се додадат студентите кои работат додека студираат, тогаш дури 95 проценти, што е најголем удел на вработени меѓу бегалците во целата Европска Унија.
foto Wikipedia/Dennis G. Jarvis
