ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помош за настраданите од поплавите во кочанско

Помош за настраданите од поплавите во кочанско

Пакети со храна и облека и финансиски средства, добија триесетина семејста кои неодамна беа зафатени од поплавите во  Кочанскиот регион.

Семејствата се од селата Жиганци, Чешиново, Уларци и Горни Подлог. Најмногу штета е направена на семејството Јорданови чија семејна куќа од надојдените води се урна.

На Јорданови досега им е донирана помош од Општина Кочани, од Општинскиот Црвен крст како и од Владата, а денеска им беше донирана помош во градежен материјал за обнова на семејниот дом што преку донација го обезбедија учениците од Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиве“ од Кочани.

ad
Слично

Поврзани вести