ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повисоки каматни стапки за депозитот „Премиум Плус“ во Силк Роуд банка

Повисоки каматни стапки за депозитот „Премиум Плус“ во Силк Роуд банка

Силк Роуд Банка ги зголеми каматните стапки за депозитот „Премиум Плус“, овозможувајќи им на клиентите уште поповолни услови за сигурно и профитабилно штедење со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување.

Депозитот „Премиум Плус“ е наменет за нови средства во денари и евра, со можност за орочување на повеќе рокови и избор на исплата на каматата – месечно или по истекот на периодот на орочување.

Со Премиум Плус, клиентите можат да остварат:

  • 3,30% фиксна годишна каматна стапка за депозити во денари, за орочување на 13 месеци;
  • 2,40% фиксна годишна каматна стапка за депозити во евра, за орочување на 12 месеци.

Минималниот износ за орочување изнесува 6.000 денари или 100 евра.

Клиентите кои имаат постоечки депозит што доспева, исто така можат да ги искористат повисоките каматни стапки доколку го обноват депозитот со зголемување од најмалку 3% нови средства.

Средствата на депонентите во Силк Роуд Банка се осигурани согласно законските прописи преку Фондот за осигурување на депозити.

За повеќе информации за депозитот „Премиум Плус“, посетете ја најблиската експозитура на Силк Роуд Банка или информирајте се на официјалната веб-страница на Банкатаwww.srb.mk.

ПР објава

ad
Слично

Поврзани вести