ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познатата нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет“ добива нов сопственик

Познатата нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет“ добива нов сопственик

Британската нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет“ прифати понуда за преземање од американската инвестициска компанија „Аполо Глобал Менаџмент“, во зделка вредна околу 5,7 милијарди фунти.

Според договорот, „Аполо“ нуди 7,15 фунти за акција. Понудата доби поддршка од раководството на авиокомпанијата.

Основачот на „Изиџет“, Стелиос Хаџи-Јоану, и неговото семејство ќе го задржат својот удел во новата сопственичка структура.

За целосно реализирање на преземањето потребни се одобренија од акционерите и надлежните регулаторни институции. Завршувањето на зделката се очекува во 2027 година.

ad
Слично

Поврзани вести