ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ БАРЈАМИ ВО НБРСМ – новата вицегувернерка има над 20 години искуство во секторот

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ БАРЈАМИ ВО НБРСМ – новата вицегувернерка има над 20 години искуство во секторот

Арлинда Хасани Синани, банкарски професионалец со над 20 години искуство во секторот е идната вицегувернерка во Народната Банка на Република Северна Македонија. Предлогот Хасани Синани да биде избрана за вицегувернерка е доставен до Собранието на Република Македонија и на него е потпишан актуелниот гувернер Трајко Славески.

Согласно досегашните податоци, Хасани Синани доаѓа на местото на Фадил Бајрами, кој на позицијата вицегувернер е над 20 години.

Имено, поради истекот на третиот мандатод седум години на именуваниот вицегувернер Бајрами на 14 септември 2026 година, НБРСМ објави оглас со кој бараше замена.

-  По спроведување на јавниот оглас, предлагам Собранието на Република Северна Македонија за вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија да ја именува Арлинда Хасани Синани– се наведува во предлогот доставен до пратениците.

Согласно предлогот Хасани Синани е банкарски професионалец со дваесетидве години работно искуство во банкарскиот сектор, стекнато преку извршување стручни и раководни должности и функции во областа на кредитирањето, управувањето со ризици и деловното банкарство.

-  Професионалната кариера ја започнала во Прокредит Банка АД Скопје како кредитен аналитичар, по што извршувала повеќе раководни функции, вклучително и директор на експозитура, директор на Деловен центар и директор на Секторот за мали и средни претпријатија. Во Стопанска Банка АД - Скопје ја извршувала функцијата директор на филијала, а од 2023 година е регионален директор за Северозападниот регион. Во текот на кариерата стекнала искуство во примената на регулаторната и супервизорската рамка на банкарскиот систем, управувањето со ризици, корпоративното управување и процесите на одлучување во банкарското работење– се посочува во предлогот доставен во Собранието.

Воедно е истакнато дека таа била член на Комитетот за ризик, Комитетот за кредитен ризик, комитетот за управување со средства и обврски (ALCO) и Комитетот за човечки ресурси. Професионалното усовршување го остварувала преку програмите за среден и висок менаџмент на ProCredit Academy во Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.

Документите покажуваат дека досега таа работела како Регионален директор на филијали одговорен за северозападниот регион Стопанска Банка АД. Скопје. Исто така била Директор на филијала Стопанска Банка АД, Скопје, како и Директор, Сектор за МСП (мали и средни претпријатија) во ПроКредит Банка, Северна Македонија. Во нејзиното искуство е уште една директорска позиција и тоа во Деловен Центар ПроКредит Банка, Северна Македонија, но и во Експозитура на ПроКредит Банка, Северна Македонија, а била Кредитен Аналитичар во ПроКредит Банка.

Хасани Синани е дипломиран економист на Државниот Универзитет во Тетово, Северна Македонија. А покрај официјалното образвоание се стекнала со диплома на Академија за Виш Менаџмент на ПроКредит Академија, Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија. Станува збор за Специлаизирана институција која едуцира менаџери од банкарскиот сектор од високиот менаџмент. Таа исто така има и диплома од Академија за Менаџери на Средно Ниво на ПроКредит Академија одржана во Велес - Специлаизирана институција која едуцира менаџери од банкарскиот сектор од средниот менаџмент Економски Факултет.

За потсетување, за членовите на Советот на Народна банка, или вицегувернери се избираат согласност Законот за Народната банка,за период од седум години со право на повторен избор. Вицегувернерите ги именува Собранието на Република Северна Македонија на предлог на гувернерот.

Актуелни вицегувернери се Ана Митреска и Игор Величковски. Митреска пролетва го почна нејзиниот втор мандат како вицегувернерка, додека на Величковски ова му е прв мандат како вицегувенер. 

П.О.

Фото: Направена со помош на ВИ

ad
Слично

Поврзани вести