ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРИЈАВЕТЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ“: ССМ со апел 'зачувајте го здравјето на работниците'

„ПРИЈАВЕТЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ“: ССМ со апел 'зачувајте го здравјето на работниците'

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

- Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје.

Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички .

Значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.

Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците тие се ваши партнери!

Работници почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд!

Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk, а исто така и преку мобилната апликација на ССМ - мои работнички права преку која може да се пријавите прекршување на Закон и Колективен договор - нагласуваат од синдикатот во нивната објава на социјалните мрежи. 


Фото: Вангел Тануровски

ad
Слично

Поврзани вести