ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната плата во Русија е повисока отколку во три земји од ЕУ?

Просечната плата во Русија е повисока отколку во три земји од ЕУ?

Просечната плата во Русија ги надмина платите во три земји од Европската Унија(ЕУ), пишуваат американските медиуми, повикувајќи се на податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според статистичката служба, просечната месечна плата се зголемила на 101.784 рубли (околу 1.280 долари) во 2025 година, во споредба со 57.244 рубли во 2021 година. Кога ќе се земе предвид паритетот на куповната моќ, ова ја рангира Русија пред Грција, Словачка и Унгарија на најновата годишна листа на заработки, се наведува во текстот.

Во исто време, се забележува дека од 2022 година растот на платите во Русија го надминува растот на продуктивноста на трудот за околу пет процентни поени.

Новинарите додадоа дека сличен индикатор последен пат е забележан во земјата за време на нафтениот бум во 2000-тите, пренесува Новости.рс.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести