Русија повторно бележи економски раст: БДП ја изненади дури и централната банка
Руската економија се враќа на раст, изјави денеска министерот за економски развој на Русија, Максим Решетников, наведувајќи дека координираните мерки на владата и Централната банка на Русија придонеле за ова.
Според него, растот на БДП повеќе не е поттикнат само од буџетските трошоци, туку и од закрепнувањето на трошоците на граѓаните, пренесува РИА Новости.
Решетников рече дека приватната потрошувачка повторно расте, делумно благодарение на парите што граѓаните и компаниите ги акумулирале во претходните години.
Министерот, исто така, истакна дека Банката на Русија, со постепено намалување на референтната каматна стапка, помогнала во намалувањето на инфлацискиот притисок, што создало поповолни услови за економски раст.
Според податоците од Министерството за економски развој, годишната стапка на инфлација во Русија на 10 август изнесувала 6,05 проценти, нешто повеќе од една недела претходно, кога изнесувала 6,02 проценти.
Во исто време, прелиминарната проценка на Рускиот завод за статистика покажа дека БДП во вториот квартал од 2026 година се зголемил за 1,3 проценти на годишно ниво, по намалувањето од 0,2 проценти во првиот квартал.Резултатот беше подобар од очекувањата на Банката на Русија и руското Министерство за економски развој, кои прогнозираа раст од 0,8 до 0,9 проценти за вториот квартал од 2026 година.
foto printskrin youtube
