ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„САКАЛА ДА ИЗБЕГА ОД ПЕКОЛОТ“: Отишла во Хрватска како сезонска работничка, младата Драгана од БиХ најверојатно е жртвата во страшниот пожар

„САКАЛА ДА ИЗБЕГА ОД ПЕКОЛОТ“: Отишла во Хрватска како сезонска работничка, младата Драгана од БиХ најверојатно е жртвата во страшниот пожар

Во голем пожар што се проширил од областа Локва Рогозница кон Омиш во текот на ноќта, едно лице загинало, додека повеќе од 40 лица биле повредени.

Пожарот се проширил на подрачјето над самиот град и загрозил бројни згради, поради што некои жители и туристи биле евакуирани. При увидот на теренот, пронајдено е телото на едно лице, додека осум повредени лица се во тешка состојба.

Околу 13 часот, потврдено е дека на местото на пожарот е пронајдено телото на младо лице, чиј пол и идентитет сè уште не се официјално утврдени.

Според очевидци, лицето наводно било во автомобил со уште две жени на Јадранската магистрала во близина на Мала Лука, пренесува RTL Danas. Кога пожарот ги опколил, тие излегле од возилото. За едно лице, бегството било фатално, бидејќи се нашла во огнен прстен. Две други жени успеале да избегаат, но, според информациите од локалните жители, тие претрпеле сериозни повреди.

Пронајдено тело на исчезната 23-годишна жена?

Иако нема официјална потврда од полицијата, „Слободна Далмација“ пишува дека, според неофицијалните информации што ги имаат, станува збор за тело на млада државјанка на БиХ која исчезнала додека бегала од пожар во Станиќи.

Неофицијално, извори блиски до истрагата велат дека на тоа укажува и фактот што, освен неа, ниедно друго лице од таа област не е пријавено како исчезнато во полицијата.

Друга работа што би можела да укаже на трагичниот крај на младата жена родена во БиХ, со регистрирано живеалиште во Станиќи кај Омиш, е тоа што таа е пронајдена недалеку од местото каде што е пронајден автомобилот со уште две жени.

Заминала на сезонска работа 

Според информации од локалните медиуми, Драгана заминала на сезонска работа во Хрватска, како и десетици илјади млади луѓе од целиот регион, со цел да заработи и да се врати дома по неколку месеци. 

Вчера јавноста ја потресе веста за катастрофалниот пожар во Омиш, Хрватска, а низ медиумите се пренесуваше апелот за пронаоѓање на 34-годишната Драгана Антешевиќ од Котор Варош, Босна и Херцеговина. 

По неа се трагаше со часови, откако за да се спаси, излегла од автомобилот во кој била со уште две жени, и исчезнала во огнената стихија. 

Но, бидејќи Драгана не е пронајдена, а во меѓувреме беше пронајдено изгорено тело, кај Станичи, сомнежите се дека таа е жртвата во страхотниот пожар кој го зафати регионот. 

Смртта на Драгана го потресе Котор Варош, но и целиот регион. Зад приказната за сезонската работа, заработката и надежта за подобар живот останува човечка трагедија – приказна за жена која заминала од дома за да создаде иднина, а никогаш повеќе не се вратила. Покрај неа, во пожарот беа повредени уште десетици други луѓе, а осум лица се борат за живот на хрватските клиники.

Избувна уште еден пожар, борбата траеше цела ноќ

Пожарникарите цела ноќ гаснеа голем пожар што избувна во близина на Брбиње на Дуги оток. Пожарот сè уште не е под контрола, а неговото гаснење го отежнуваат непристапниот и стрмен терен, како и густата макија. На местото на настанот има околу 100 пожарникари со 17 возила.

Во текот на ноќта, пожарникарите успешно ги одбранија куќите и колибите во заливите, па засега не е пријавена материјална штета. Пожарот е поделен на два реда, долг околу 1,6 км, а на помош пристигнаа и два хеликоптери.

Покрај пожарот на Дуги Оток, пожарникарите изгаснаа уште четири пожари во областа на Задарската жупанија во текот на ноќта, додека помал пожар на островот Ижа беше брзо ставен под контрола утрово.

Во исто време, се очекуваат нови информации за состојбата на повредените во големиот пожар кај Омиш. На Клиниката за трауматологија во Загреб, лекарите се борат за животите на четири лица, на возраст од 18 до 46 години, кои имаат тешки изгореници на 40 до 70 проценти од телото. Уште пет лица се во критична состојба.

Фото: Нестали.хр

ad
Слично

Поврзани вести