ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Си заминува уште една странска компанија, 90 вработени остануваат без работа

СДСМ: Си заминува уште една странска компанија, 90 вработени остануваат без работа

СДСМ излезе со реакција по објавената вест дека германскиот производител на батериски системи БМЗ си заминува од технолошко-индустриските слободни зони во Македонија, при тоа нагласувајќи дека 90 вработени лица ќе останат без работа.
„По изјавите на Мицкоски дека економски сме на прво место во Европа уште една странска компанија најави дека ја напушта Македонија.

Германската компанија БМЗ донесе одлука да го затвори својот производствен погон во Илинден и производството да го пресели во Полска. Околу 90 вработени остануваат без работа, а пропаѓаат и најавените нови вработувања.

Ова е веќе трета странска компанија која за краток период одлучува да ја напушти државата.

Претходно заминаа „Аптив“ и „Дура“, додека „Џонсон Мети“, најголемиот извозник во земјата, го намалува бројот на вработени.

Ова е вистинската слика за економијата по две години власт на Мицкоски“, гласи соопштението на опозициската партија.

Од таму додаваат дека странските инвестиции паднале за 60 отсто и дека наместо нови работни места, македонските работници добиваат откази.


ad
Слично

Поврзани вести