Се отвора нова гасна рута кон Европа - гасoт ќе биде достапен за две години
Европските потрошувачи можат да очекуваат природен гас од подморско наоѓалиште во близина на Кипар веќе во март 2028 година, изјави кипарскиот министер за енергетика, Михаел Дамијанос.
Дамијанос рече дека Источниот Медитеран брзо станува алтернативен извор на енергија за европските земји, бидејќи војната меѓу Русија и Украина и конфликтите на Блискиот Исток го принудуваат континентот да бара нови извори.
Тој додаде дека партнерите во екстракцијата на гас, француската „Тотал Енерџис“ и италијанската „Ени“, минатиот месец донеле конечна одлука да продолжат со развојот на полето за природен гас Кронос покрај јужниот брег на Кипар.
Кога проектот ќе се реализира, гасот за прв пат ќе оди на европските пазари од наоѓалиштата во Источниот Медитеран, објави АП.
Според распоредот на француско-италијанскиот конзорциум, работите на гасоводот од Кронос до постојната инфраструктура во египетското поле за природен гас Зор, кое е оддалечено 105 километри, ќе започнат подоцна оваа година и ќе траат до 18 месеци.
Испораката на гас од Кронос до Египет за преработка е економски најисплатливата опција, која ќе чини околу две милијарди долари, објави Capital.ba.
Според договорот, една петтина од гасот извлечен од полето Кронос може да се искористи за покривање на домашните енергетски потреби на Египет.
foto freepik.com
