ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Серафимовски: Од утре ајварката ќе се откупува по повисока цена

Серафимовски: Од утре ајварката ќе се откупува по повисока цена

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени-прва класа за 40 денари, прва/втора и за индустриски капацитети 30 денари и шкарт како класа 15 денари. Ова во изјава за медиумите го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица и откако производителите на пиперка ајварка од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа.

Министерот подвлече дека цените се постигнати со заеднички договор со производителите и и откупувалите и тој апелираше до преработувачите во наредниот период да се придржуваат на обврските од нивна страна за вистинско класифицирање на пиперката и од страна на откупувачите и добивање на точната информација за квалитетот на пиперката. 

- Воедно апелирам и до земјоделците својот род да го предадат во откупните центри според класификациите кои ги имат дадено и пиперката согласно таа класификација да биде понудена и да ја добијат цената којашто ја очекуваат. Земјоделците  заслужуваат својот труд кој го имаат вложено да им биде евалуиран и истиот да го наплатат по завршувањето на бербата, односно по завршување на сезоната и не само за пиперката туку и за сите останати култури, подвлече Серафимовски.

Додаде дека овие состојби не треба да се повторуваат секоја година, туку треба да се надминуваат со системски решенија за кои од октомври повторно ќе се направат состаноци со систе засегнати страни и ќе се побарало решение во делот на законите и подзаконските акти како што се вистинска класификација на пиперката  согласно методологија, потоа рокови за исплата на предаденото во откупните центри и преработувачките капацитети и сето она што ги засега земјоделците за да имаат сигурносот во производството.


ad
Слично

Поврзани вести