Славески: Бруто минималната плата во Македонија има поголема куповна меѓу Западен Балкан и Турција
Гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, Трајко Славески, напиша на социјалната мрежа X дека, според најновите податоци на Евростат, вредноста на бруто минималната плата во Северна Македонија, мерена во куповна моќ, во јули 2026 година е поголема отколку во седум земји-членки на Европската Унија.
Според него, бруто минималната плата во земјата е исто така повисока, во однос на куповната моќ, отколку во сите земји од Западен Балкан и Турција.
„Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. Чекајте малку — нели ова го кажав уште во јуни минатата година? На јавниот линч за говорење на вистината одговорив со висок капацитет за апсорпција на омраза“ коментираше Славески во својата објава.
