ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственикот на „Силбо“ стана управител на најголемиот авто-испитен центар во земјата

Сопственикот на „Силбо“ стана управител на најголемиот авто-испитен центар во земјата

Еден од основачите на пекарскиот бренд „Силбо“, Боби Милев, го презеде управувањето на најголемото друштво во земјата што ги спроведува теоретските и практичните испити за идни возачи.

Сопственикот на „Жито клас Силбо“ од минатиот месец е управител на Авто Испитен Центар Дооел Скопје, како и на сообраќајните центи во Карпош, Центар, Чаир, Аеродром и Гази Баба како подружници.

Истовремено од јули извесен Александар Карафиловски станува нов сопственик на Авто Испитен Центар Скопје на местото на Виктор Серафимов, додека Боби Милев го наследи директорското место од Мирјана Бошковска. Друштвото на крајот од минатата година имало приходи од речиси 2 милиони евра и 48 вработени лица.

„Авто Испитен Центар Скопје“ е приватна компанија која врши дејност од големо јавно значење – организирање и спроведување на возачките испити на подрачјето на Скопје. Центарот ги спроведува теоретскиот и практичниот дел од испитите за кандидатите за возачи, и тоа за сите категории и национални категории на моторни возила. Правното лице мора да добие лиценца од Министерството за внатрешни работи и да исполнува строго утврдени просторни, кадровски и технички услови. 

„Авто Испитен Центар Скопје“ влезе во овој бизнис во 2018 година, кога го презеде организирањето на возачките испити во Скопје од претходниот оператор АМСМ Испитен центар.

Уште тогаш изборот предизвика силни политички реакции. Според тогашните медиумски извештаи, компанијата била основана на 19 јуни 2018 година, само неколку дена пред МВР да го објави конкурсот на кој подоцна ја добила лиценцата за Скопје. Како сопственик и управител во извештаите беше наведен тогаш 26-годишниот Виктор Серафимов.

Фактот што новоформирана компанија добила пристап до исклучително профитабилна дејност веднаш стана политичка тема. Во дел од медиумите и од страна на политички опоненти во тој период беа пласирани тврдења за блискост на Серафимов со тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, па дури и шпекулации дека биле кумови. 

Во изминатиот период оваа дејност ја добија фирми кои ги лиценцира државата и тие се монополи во дејноста во која работат, а тоа се организацијата на теоретските и практичните испити за стекнување возачки дозволи.

А.К.

ad
Слично

Поврзани вести