ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАПКИ НА ВРАБОТЕНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ КОНТИНЕНТ: На кои земји да се угледаме, а кои се полоши од Македонија?

СТАПКИ НА ВРАБОТЕНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ КОНТИНЕНТ: На кои земји да се угледаме, а кои се полоши од Македонија?

Мал е бројот на земји кои се во полоша позиција од Македонија ако се гледа стапката на вработеност, а голем е бројот на оние држави кои можат да се пофалат со висока стапка. Според податоците од Евростат за 2025 година, полоши од Македонија се само Босна и Херцеговина(БиХ) и Турција.

Во Турција вработеноста е 58.1 отсто, додека во БиХ е 59.5 отсто, а Македонија има вработеност од 63.7 отсто. Соседна Србија е подобра од Македонија со 71.6 отсто вработеност, додека Бугарија има вработеност од 77 отсто, а Грција бележи вработеност од 71 отсто. Малта е водечка со 83,6 отсто, по што следуваат Холандија (83,4 отсто) и Чешка (82,9 отсто). Спротивно на тоа, Романија има стапка на вработеност од 69 отсто и Италија има 67,6 отсто вработеност.


„За Холанѓаните е лесно да си најдат работа во нивната држава. Кај нас е реткост млади луѓе да работат во градежништво, а таму имаше многу млади во тој сектор и си функционираат убаво. Нема споредба со она што се случува кај нас. Тие се навикнати на висок стандард, а ние молевме да работиме за викенди за да земеме повеќе пари“, вели Македонец кој работел и во Белгија и во Холандија.

Повеќето европски земји имаат над 70 или над 80 отсто вработеност.

„Секој што бара работа може да најде и да работи, зборувам за Белгија и за Словенија. Дефинитивно во тие земји имаат поголем избор, но сега секаде се бараат работници, се увезуваат работници“, вели Петар Митовски, сопственик на фирма која работи и во странство.

Инаку, Европската Унија(ЕУ) си постави цел да постигне стапка на вработеност од 78 отсто за лицата на возраст од 20 до 64 години до 2030 година.

Во 2025 година, бројот на вработени лица во таа возрасна група во ЕУ изнесуваше  околу 198 милиони, што претставува 76,1 отсто од сите луѓе во возрасната група. Стапката на вработеност постојано се приближува кон целта на ЕУ, зголемувајќи се од 69,7 отсто во 2016 година на 76,1 отсто во 2025 година. Во ЕУ, 16 земји пријавија стапка на вработеност што надминува 78 отсто, додека 9 земји паднаа во опсег од 70 отсто до 78 отсто. Стапките на вработеност во 7 земји од ЕУ надминаа 82 отсто. 

Сања Атанасовска

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести