ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски инвеститор си заминува од Македонија и се сели во Полска

Странски инвеститор си заминува од Македонија и се сели во Полска

Странскиoт инвеститор за производство на литиумски батерии БМЗ до крајот на годинава ќе го затвори погонот во зоната во Скопје, објави Телма. Одлуката германските производители ја донеле откако направиле сеопфатна економска анализа, а производството од тука го префрлаат во Полска.

За затворањето се известени скоро сто работници кои се дел од оваа компанија. Фактор претходно објави дека компанијата дали високи плати во технолошко-индустриската зона, но вработи само 122 работници наместо најавените повеќе од 700.

- БМЗ го препознава влијанието кое оваа одлука ќе го има на вработените во Северна Македонија. Компанијата е целосно посветена оваа транзиција да ја комплетира одговорно, транспарентно и со почит кон сите вработени, стои во дописот од компанијата.

За заминувањето на компанијата која поризведува батериски системи известени се и во  ТИРЗ. Од таму за Телма пак со оптимистички тонови. Тврдат дека инвеститор кој подолго време работи тука сака да преземе дел од вработените на БМЗ, но не откриваат за кого станува збор.


ad
Слично

Поврзани вести