СУМА ОД 18,5 МИЛИОНИ ЕВРА: За РЕК Битола купени 350.000 тони јаглен за помалку од два месеци
АД ЕСМ за кратко време направи нова, трета набавка на јаглен од надворешен добавувач, за потребите на термоцентралата кај Битола. Со склучен договор на 21 јули биле купени 150.000 тони јаглен од Протергиа Енерџи..
- На јавниот повик – отворен систем со договор за набавка на 150.000 тони јаглен, со Договор склучен на 21 јули за потребите на РЕК Битола, избран е економскиот оператор Друштво за снабдување и трговија со енергија ПРОТЕРГИЈА ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје. Договорот е склучен по цена од 449 денари за гигаџул,а вкупната вредност на набавката за 150.000 тони изнесува 493.877.550,00 денари, потврди ЕСМ во одговорот што ни беше доставен.
Претходно во изминатите два месеци во рамки на системот на отворен повик купи уште 200.000 тони јаглен за потребите на термоцентралата во Новаци - РЕК Битола. На 4 јуни одбран е добавувач за 100.000 тони јаглен, а потоа е избрана фирма која треба да донесе уште толку јаглен а при тоа за првпат во досегашните набавки.се споменала минатата година. Во медиумите пишувало дека Енерџи Макс веќе имал еден договор во 2025 за набавка на 150.000 тони за 7,8 милиони евра.
Од ЕСМ велат дека првите 100.000 тони ќе ги носи добропознатата грчка компанија Протергиа Енерџи, додека за преостанатите 100.000 тони е избрана скопската Енерџи Макс. Вкупната сума за купениот јаглен ќе изнесува околу 10,5 милиони евра. Со последната набавка од 8 милиони евра, вкупната сума на договорите за помалку од два месеци е 18,5 милиони евра.
Протергиа Енерџи е компанија во сопственост на грчкиот Митилинеос, додека Енерџи Макс е фирма од Скопје која според огласите се занимава со продажба на големо на цврсти горива, нафта и мазут за машини и пропан-бутан за индустријата. Основана е во 2022 година, а во текот на минатата година имала приходи од 100-тина милиони денари и добивка од 10 милиони денари. Сопственичка е извесна Весна Спировска од Скопје, а управител е Димче Панов од Велес. На крајот на 2025 фирмата имала само двајца вработени.
Поради исцрпеност на рудниците за јаглен, ЕСМ набавува големи количини преку надворешни доставувачи. Но од она што може да се заклучи од објавениот извештај за работата на ЕСМ во 2025 е тоа дека се купувало помалку јаглен во однос на една година претходно, но затоа пак се трошел повеќе мазут за термоелектраните. Според годишниот извештај на ЕСМ за 2025, за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј лани биле купени вкупно над 1,2 милиони тони јаглен.
А.К.
