ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сушата ja уништува шеќерната репка: На Германија ѝ се заканува најслабата жетва од 1990 година

Сушата ja уништува шеќерната репка: На Германија ѝ се заканува најслабата жетва од 1990 година

Сушата, топлината и болестите ја уништија шеќерната репка во Германија, а земјоделците сега проценуваат дека производството на шеќер ќе биде за една третина помалку од минатата година поради ова, објави регионалното здружение на одгледувачи на шеќерна репка.

Доколку предвидувањата се остварат, овогодинешната жетва ќе биде најслабата од обединувањето на Германија во 1990 година. Здружението предупредува дека ова ќе влијае и на потрошувачките цени, особено откако жетвата пропадна во Франција, најголемиот производител на шеќерна репка во Европа. Двете земји страдаат од екстремна топлина и суша.

Репите покажуваат јасни знаци на ефектите од сушата, дури и во области каде што обично има многу вода. Во исто време, сушата го поттикнува ширењето на болестите бидејќи ја ослабува отпорноста на растенијата, додаде здружението, пишува dpa.

Здружението на одгледувачи на шеќерна репка од јужна Германија е организација која ги обединува седумте регионални организации и речиси 10.000 земјоделци кои одгледуваат шеќерна репка на околу 100.000 хектари и снабдуваат седум шеќерни мелници.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести