ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Транспортерите од Македонија повторно со проблеми со ограничен престој во земјите од ЕУ, се најавува одговор со блокади

Транспортерите од Македонија повторно со проблеми со ограничен престој во земјите од ЕУ, се најавува одговор со блокади

Транспортерите од Македонија повторно се соочуваат со проблеми со ограничен престој во земјите од Европската Унија. Иако претходно беше постигнат договор, тие велат дека тој воопшто не се почитува и дека од септември, кога им истекува дозволениот престој во земјите од Шенген зоната, многу од нив ќе се соочат со проблемот да не можат да влезат во Европската Унија.

Со овој проблем не се соочуваат само транспортерите во земјата, туку и оние во регионот, како што се Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Билјана Муратовска од Макам Транс изјави дека утре, на заеднички состанок, ќе изградат став за тоа какви мерки ќе преземат, додека не е исклучена можноста повторно да организираат блокади на границите. Овој пат би можеле да бидат уште порадикални, со блокада на сите клучни точки во Западен Балкан, што би го запрело и снабдувањето меѓу ЕУ и Југоисточна Европа.

„Сè е можно, па ништо не е исклучено, но ќе видиме како ќе се развиваат работите. Ќе се сретнеме и утре, секој од нас, со свои искуства на терен, за да можеме да изградиме подобра стратегија од онаа што ја имаме во моментов. Бидејќи сите имаме, на некој начин, различни случаи“, рече Билјана Муратовска – Макам Транс.

Проблемот трае од октомври минатата година, кога Европската унија почна да спроведува рестриктивни одредби за престој на камионџии од земји надвор од ЕУ. Иако во април годинава беше постигнат договор, кој предвидуваше бришење на деновите претходно поминати во земјите од Шенген зоната, возачите велат дека тоа не се спроведува.

„Кај нас има случаи каде што на некои гранични премини се појавуваат неточни денови, за кои возачите имаат слободни денови, според електронскиот систем. Ние го пријавивме ова, а го испративме и до Брисел. На пример, во Хрватска им се вели дека имаат уште 15 дена, додека во Унгарија им се вели дека имаат уште 10 дена, што е различно“, нагласи Билјана Муратовска - Макат Транс.

На почетокот на оваа година, транспортерите од регионот организираа блокади на границите, со што се запре транспортот на камиони низ Западен Балкан. По некои преговори, беше постигнат одреден договор, кој не е трајно решение, но се докажа дека дури ни тоа не се почитува.

Пред кратко време, министерот за транспорт Александар Николовски изјави дека Македонија самостојно го решава правилото 90/180, кое се однесува на престојот на возачите во ЕУ. Во јули изјави дека овој проблем е решен со осум земји, меѓу кои Швајцарија, Хрватска, Романија, Бугарија и Грција, додека договорот со Словенија, Австрија и Германија е во завршна фаза.


ad
Слично

Поврзани вести