ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три земји сочинуваат повеќе од половина од економската активност на ЕУ

Три земји сочинуваат повеќе од половина од економската активност на ЕУ

Вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на Европската Унија(EУ0 достигна 18,8 милијарди евра во 2025 година, а најголема економија на Унијата е Германија, чиј БДП изнесуваше 4,5 милијарди евра, или 23,8 проценти од вкупната економија на ЕУ, покажаа новите податоци од Евростат.

По Германија, најголем придонес во вкупниот БДП на Европската Унија имаа Франција со 15,8 проценти и Италија со 12 проценти.

Заедно, овие три земји сочинуваат повеќе од половина од економската активност на Европската Унија, што ја потврдува нивната клучна улога во европската индустрија, трговија и финансии.

Според податоците, Шпанија е исто така значајна со учество од девет проценти во вкупната економија, како и Холандија со 6,3 проценти и Полска со 4,9 проценти.

На другиот крај од скалата се најмалите економии на Европската Унија.

Малта имаше најмал удел во вкупниот БДП на Унијата со само 0,1 процент, додека Кипар, Естонија и Латвија учествуваа со по 0,2 проценти, според Евростат.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести