ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ПОСКАПУВААТ: Најголем пораст има на цените на ноќевањата

УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ПОСКАПУВААТ: Најголем пораст има на цените на ноќевањата

Новите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека цените во угостителството продолжиле да поскапуваат и во изминатиот месец јули. За една година, угостителските услуги се поскапи за 3,2 проценти, а од почетокот на годинава порастот е 2,9 проценти. 

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2 отсто.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 отсто, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1  отсто. 

Според податоците на ДЗС, само за еден месец, односно од јули до јули 2026 храната поскапела за 0.2 отсто, додека пак ноќевањата за 5.6 проценти. 

Во групите Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци не се забележани промени на цените.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести