ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина им ги помати сметките, а една земја ја моли Русија за гориво

Украина им ги помати сметките, а една земја ја моли Русија за гориво

Киргистан преговара со Русија за снабдување со гориво откако украинските напади со беспилотни летала ги намалија руските залихи на нафтени производи и предизвикаа недостиг.

Киргистанските власти водат разговори со Русија за испораките на гориво, откако нападите со украински беспилотни летала ја ограничија можноста на Москва да испорачува разни нафтени производи, што предизвика недостиг на локалниот пазар, објавија денес киргистанските медиуми, повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот Данијар Амангелдиев.

Киргистан зависи од увозот на нафтени деривати, а повеќе од 90 проценти од бензинот традиционално се купува од Русија, која се соочува со недостиг на гориво од крајот на мај поради намаленото производство предизвикано од украинските напади врз руските рафинерии за нафта, објавува Ројтерс.

Во јули, киргистанските власти воведоа забрана за извоз на нафтени производи на неопределено време.

Киргистанската влада објави дека потпишала договори за испораки на дизел и гориво за авиони од Белорусија и Кина, како и дека побарала помош од соседните земји за обезбедување дополнителни испораки на гориво.

Амангелдиев не прецизираше за какви количини или рокови за испорака се разговара  со Русија.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести