ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јуни издадени 39 отсто повеќе одобренија за градење, предвидени 754 нови станови

Во јуни издадени 39 отсто повеќе одобренија за градење, предвидени 754 нови станови

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија - 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на  218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.

ad
Слично

Поврзани вести