ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Русија е откриен досега непознат минерал кој е поскап од златото

Во Русија е откриен досега непознат минерал кој е поскап од златото

Во Русија е откриен досега непознат минерал, чија цена значително ја надминува цената на златото, соопшти руското Министерство за образование и наука. 

Научниците од Руската академија на науките, Државниот универзитет во Санкт Петербург и Минералошкиот музеј „А. Е. Ферсман“ дојдоа до фасцинантно откритие во рудникот „Кировски“, лоциран на планинскиот масив Хибини.

Во длабочините на полуостровот Кола е откриен претходно непознат кристал, кој го доби официјалното име „колски ашкрофтин“.

Новооткриениот минерал содржи итриум – исклучително ценет елемент од групата на ретки земји. Поради својот хемиски состав, тој претставува вистинско природно чудо.

„Ова веќе не е само убав камен; ова е хемиски архив на Земјината кора! Во еден единствен кристал се собрани итриум, силициум, калиум, натриум и практично целиот Периоден систем на елементи“, истакнуваат истражувачите во официјалното соопштение.

Покрај научната вредност, овој кристал има и голема материјална цена. Просечната вредност само на еден слој од овој минерал на карпата изнесува дури 145 долари по милиметар, што е цена која далеку ја надминува вредноста на златото на светските берзи.

Единственоста на овој примерок се должи и на специфичното присуство на калциум, манган и флуор, а структурата на кристалот припаѓа во категоријата на најсложени минерални структури познати на современата наука.

Инаку, типичниот ашкрофтин е розов, проѕирен и исклучително кршлив силикатен минерал. Тој е меѓу најретките на планетата, а досега во мали количини е пронајден единствено на Гренланд, во Канада и во Италија.

Фото : Минобрнауки России

ad
Слично

Поврзани вести