АПОКАЛИПСА ВО ХРВАТСКА: Страшни снимки - остатоци од изгорени автомобили на патот, 200 луѓе евакуирани (ВИДЕО)
Голем пожар во Хрватска што избувна во Локва Рогозница доцна синоќа се прошири во текот на ноќта кон Омиш, и зафати области над самиот град.
Заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ изјави дека има повредени, вклучувајќи пожарникари, додека неколку граѓани се здобиле со изгореници, претежно на рацете.
„Според информациите што ги имаме сега, нема загинати или повредни за кои знаеме дека треба да имаат трајни последици“, изјави Пивчевиќ за „Слободна Далмација“.
Тој додаде дека штетата е огромна, дека голем број автомобили и бројни куќи се изгорени.
Информациите од терен сè уште се собираат, а вистинскиот обем на материјалната штета ќе се знае дури откако пожарот ќе биде ставен под контрола и ќе биде можно да се посетат сите погодени населби.
Пожарот е закана за голем број куќи и згради, некои жители и туристи беа евакуирани во Сплит.
Горат и големи челични конструкции веднаш над градот, дизајнирани да спречат одронување на карпи врз куќите.
Во градот се слушаат експлозии, се претпоставува дека експлодираат гасни боци.
Постојано се слушаат сирени на противпожарна, брза помош и полиција.
Поголемиот дел од градот е без електрична енергија. Десетици возила изгореа на Јадранската магистрала, а оштетени се и куќи. Сообраќајот на таа делница е прекинат.
Пожарникари од цела Хрватска и канадери се борат против пожарот, но силниот ветер го отежнува гаснењето, јавија хрватските медиуми

Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и нивниот живот е во опасност. Уште тројца пациенти се сместени на интензивна нега, додека другите се хоспитализирани на болничките одделенија.
Повеќето од лекуваните пациенти имаат изгореници, додека другите побарале медицинска помош најчесто поради респираторни проблеми предизвикани од изложеност на чад, јавија хрватските медиуми.
КБЦ Сплит веднаш ги ангажираше сите расположиви тимови за да обезбеди навремено лекување на повредените. Поради зголемениот прилив на пациенти, дополнително беа повикани вработени кои се на одмор.
Во текот на ноќта биле евакуирани голем број жители, проценките се дека оклу 200 жители се евакуриани, но според дел од медиумите може да се и повеќе/
Жителите на соседните градови веднаш испратија апели дека ќе примаат луѓе во своите домови кои бегаат од пожарите.
