ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бор од 13 метри падна врз туристи на плажа во Хрватска, повредени и три деца

Бор од 13 метри падна врз туристи на плажа во Хрватска, повредени и три деца

Осум лица, меѓу кои три деца, се повредени откако огромен бор паднал врз туристи на плажа во хрватска Цриквеница.

Несреќата се случила денеска околу 11 часот пред хотелот „Цриквеница“. Бор висок 13,5 метри се скршил кај коренот и паднал врз четворица хрватски и четворица чешки државјани.

Луѓето успеале сами да се извлечат пред пристигнувањето на итните служби. Сите се здобиле со полесни повреди и по прегледите во болницата во Риека биле пуштени дома.

Сведоци раскажале дека прво слушнале силно кршење, по што туристите почнале да врескаат и да бегаат од местото.

По инцидентот е најавена дополнителна проверка на дрвјата на плажата и на другите фреквентни јавни површини во Цриквеница.

ad
Слично

Поврзани вести