ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија инвестира 114 милиони евра во енергетиката и студентските домови во Албанија

Германија инвестира 114 милиони евра во енергетиката и студентските домови во Албанија

Албанија и Германија потпишаа три договори за финансирање проекти во енергетиката и јавната инфраструктура, во вкупна вредност од 114 милиони евра.

Од целиот пакет, 90 милиони евра се заеми, додека преостанатите 24 милиони евра се грант од германската влада обезбеден преку развојната банка KfW.

Дел од средствата ќе бидат искористени за дигитализација и автоматизација на албанската преносна електроенергетска мрежа. Проектот треба да го подобри управувањето со трафостаниците и функционирањето на системот.

Со вториот договор е предвидена реконструкција на хидроцентралата „Вау и Дејес“, која е еден од поголемите јавни капацитети за производство на електрична енергија во Албанија.

Грантот од 24 милиони евра ќе биде насочен кон обнова на студентските домови во комплексот „Студентски град“ во Тирана. Планирано е подобрување на условите за сместување и намалување на потрошувачката на енергија во објектите.

Договорите беа потпишани во присуство на албанскиот министер за инфраструктура и енергетика Енеа Каракачи и германскиот амбасадор Карл Бергнер. Финансирањето е дел од соработката меѓу двете земји преку германската развојна банка KfW.

ad
Слично

Поврзани вести