Косовски граѓани работат во Албанија - од кои други земји увезуваат кадар?
Во соседна Албанија има скоро 40.000 регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Ова се податоци од полицијата.
До 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани.
Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 отсто од вкупните активни дозволи за престој.
„По нив, се граѓаните на Италија со 4.332 дозволи за престој или 11 отсто од вкупниот број. Бројот на дозволи за престој за граѓаните на Индија достигна 3.882, што претставува 10 отсто од вкупниот број, од Филипините 3.638 (9,3 отсто од вкупниот број) и од Египет со 3.441 или 8 отсто од активните дозволи“, се наведува во анализата на „Монитор“.
Според податоците, најголемиот број дозволи за престој се со единствени дозволи за вработени и единствени дозволи за самовработување. За обете категории, нивниот број достигна 22.693 дозволи за вработување до јуни 2026 година, што претставува 59 отсто од вкупниот број дозволи за престој, наведува Монитор.
Бројот на странци на кои им се доделени единствени дозволи од работодавците е предводен од граѓани на Филипините, Индија и Египет, или вкупно 10.258 единствени дозволи.
foto freepik.com
