ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците во Албанија бараат веб-страницата на Општина Пустец да биде и на македонски јазик

Македонците во Албанија бараат веб-страницата на Општина Пустец да биде и на македонски јазик

Македонците во Албанија бараат веб-страницата на Општина Пустец да биде и на македонски јазик.

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана достави официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и советниците, со кое бара официјалната веб-страница на општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик.

Од здружението посочуваат дека иницијативата се темели на Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на употреба на нивниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што традиционално живеат. 

Велат дека овозможувањето официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде и на македонски јазик ќе придонесе за подобар пристап на граѓаните до јавните информации, поефикасна комуникација со локалните институции и практична примена на правата на македонското национално малцинство.

Од друштвото оценуваат дека оваа иницијатива ќе придонесе и за поголема институционална транспарентност, почитување на јазичната и културната разновидност, како и за доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител на Република Албанија. Од Македонското друштво „Илинден“ изразуваат очекување дека надлежните институции ќе го разгледаат нивното барање и ќе преземат чекори официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик. 

ad
Слично

Поврзани вести