ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова правило во Грција може да ве чини 30 евра, а многу возачи не го знаат

Ова правило во Грција може да ве чини 30 евра, а многу возачи не го знаат

Возачите во Грција можат да добијат казна од 30 евра доколку без оправдана причина возат премногу бавно и го попречуваат сообраќајот.

Побавното возење е дозволено кога тоа го бараат условите на патот, како дожд, магла, густ сообраќај, оштетен коловоз или друга опасност.

На одредени делници минималната дозволена брзина е означена со син кружен знак со бел број. Возачите треба да ја почитуваат брзината наведена на знакот, доколку условите овозможуваат безбедно движење.

Правилото за 70 километри на час често се толкува погрешно. Тоа се однесува на возила кои не можат да развијат брзина поголема од 70 километри на час и затоа не смеат да се движат по автопат или експресен пат. Не значи дека секој автомобил мора постојано да вози најмалку 70 километри на час.

ad
Слично

Поврзани вести